Црно белите ентериери се во тренд а земајќи го во предвид зачестеното одбирање на овие комбинации од бои можеме да кажеме дека се безвременски, односно се вклопени во сите трендови. Кога новитетите на маркетингот ќе го наметнат својот колорит како тренд црно белиот ентериер лесно се трансформира во колористички, бидејќи со додавање на една или две интензивни бои, придобива нов карактер.
Трендовите кои ја наметнуваат структурата на дрвата како примарна ќе најдат свој одзив и во црно белите комбинации со збогатени елементи, или детали изработени во материјали со нагласена структура на дрвото.На тој начин оваа апстрактно просторна лагодност ја оплеменува со природни прави посебно вредни односи во ентериерот. Црно белата комбинација е идеална база, која може да ги формира ефектите сосема независно, или да се трансформира во трендовски посакуваната изразност со сосема едноставни зафати.
Поточно од сите наведени причини, оваа комбинација на боја е присутна и секогаш популарна во креирањето на ентериерот. Сепак, апсолутно црно-бела комотност, ќе одберат само некои.Чистата и јасна линија, конкретната изразност, реалноста која се граничи со апстрактното во просторот, воодушевуваат, а понекогаш и ги заплашуваат оние кои се сомневаат дека низ контрастите може да се оствари се што се очекува од стамбениот простор: лежерна елеганција, чувство на комотност, и отпуштеност и топлина на домот.Црно белите комотности можат да ги исполнат сите домашни простори, дневен претстој, кујна,спална соба и купатило.
Не се препорачливи за детски соби, акцент треба да се стави на палетата на отворени и топли бои, кои ја побудуваат фантазијата и разиграноста.Комбинацијата на овие бои е избор на зрели личности како последица на нивниот животен стил , карактер, сфаќање и личен вкус.
Елегантноста е истакната особина на просторот во кој доминира односот на црното и белото. При тоа треба да да се биде многу внимателен при одредувањето на мерка која со преинтензивна примена,да не го дебалансира просторниот квалитет.Со преголем удел на црно во мал и слаб осветлен простор ќе се создаде ефект на преголема затемнатост и загушеност, со преголем удел на бело во големи осветлени простори, блесокот или недоволната изразност ке има општ степен на бела боја.
Умерениот однос на црното и белото, или доминацијата на една боја е проследена со други детали кои ќе направат квалитетни просторни ефекти и ќе го нагласат карактерот на посакуваната боја. При тоа, е потребно да се води сметка за боите на подните и ѕидните облоги.Светлиот мебел на темен под и обратно, со својот меѓусебен контраст елегантно ќе се нагласи. Примената на црното и белото на ѕидовите, низ бојата или на облога, можат додатно да ја нагласат посакуваната лагодност.
Комплетно белата кулиса на намештајот може да биде елегантна, но храбрите желно ќе си поиграат и со црните вертикални плохи. Површината на ѕидот, која ке се обложи со црн материјал, треба внимателно да биде одбрана. Белата композиција на намештајот на црн ѕид ќе биде успешна комбинација, без оглед на позицијата на изворот на дневната или вештачката светлина.
До колку се одлучите за црн мебел на црн ѕид , препорачуваме да го поставите попреку на едниот дел од должината на плохата или пократкиот ѕид во просторот. Набавите мебел од материјал со нагласена завршна обработка – сјајна, метализирана истакната структура или текстура каде би се истакнувале плотните од намештајот и би го изразиле односот на темната позадина.Поиграјте со светлосните ефекти низ вграденото или индиректното осветлување.
На тој начин темниот агол ќе добие свој посебен израз низ различните прикази на црната боја, односно светлоста, која додатно ќе го нагласи и освежи овој доминантен дел од ентериерот. Примена на стаклото во црно белите ентериери додатно ќе го нагласи елегантниот простор.
Стаклото, како транспарентен материјал, ќе го задржи посакуваниот колорит, а ќе внесе префинетост, која одлично ќе се вклопи со просторната елеганција. Освен стакла, значајна улога ќе одиграат подните простирки, декоративните теписи, украсните предмети кои со својата структура, мотивите и облиците ке направи додатна динамика на просторот.
Црно белиот свет на интериерот воопшто не е црно бел, тој има неограничена ширина во димензиите кои не се дел од колористичкиот спектар, односно не учи да го набљудуваме просторот низ неговите останати компоненти, како формата,обликот, динамиката, светлоста, рамнотежата и хармонијата.
No comments:
Post a Comment