Monday, May 2, 2011

Подмасичен мачкодрж

..или поправилно е мачколеж?






Ако вашето домашно милениче се уште го нема пронајдено своето катче во просторот што заеднички го делите, еве едно супер решение каде тоа би можело да си лежи. Оваа ниска масичка од челик со стаклена површина е погодна за внатрешна просторија, а под неа е корпата која ако имате маче или куче сигурно ќе мора да заборавите на книгите и списанијата што би ги ставале таму, бидејќи тоа сигурно ќе си го заземе тоа место. Само погледнете го ова милениче со стил! Само масичката не ја ставајте каде има подземни води, џабе мачколежот. :)

            

             

             
            

            

No comments:

Post a Comment