Sunday, May 1, 2011

Кремљ, Москва - Концертна сала, реконструкција

Концертно-конгресната сала на  претседателскиот дворец се наоѓа во внатрешноста на ѕидините од Кремљ, и претставува објект од национално значење за Руската федерација. Објектот е изграден во 1961 година за време на Никита Хрушчов, и се третира како еден од големите градителски проекти создадени во советската ера.

Со тек на годините беше препознаван како репер на московското историско јадро, а по својата големина и важност се третира како главна концертна сала во цела држава.


Салата има капицетет од 6000 седишта, која што првенствено беше наменета за партиски конгреси, а  со тек на годините да биде прилагодена за концертни изведби како и за балетски претстави. Во оваа сала исто така полагале државни заклетви и голем број на претседатели а последниот кој има положено заклетва во оваа сала е Борис Елцин во 1996 година.

После повеќе од педесетина години, руските челници објавија конкурс со желба и потреба да го променат изгледот на овој објект, кој заради своите пренамени одамна веќе го има изгубено својот некогашен функционализам. Архитектите од студиото ОТАШ понудија интересно решение применувајќи најнови технолошки достигнувања заедно со тимот стручњаци за акустика и визуелни ефетки од Велика Британија, САД и Германија.
Основната замисла на овој тим беше да се зачува геометријата на салата, а со употреба на познатите ЛЕД светла, во ѕидните панели да се добие чувство на голем екран, така да целиот ентериер учествува во сценската интерпретација. Ваквата технологија на реконструкција на салата во Кремљ создава мултифункионалност што беше всушност и главна цел поставена пред проектантите.














No comments:

Post a Comment