Во срцето на Трибека, Њујорк, која е позната по скапите станови и високата цена на имот, деновиве беше реновиран и пуштен во продажба овој спектакуларен триплекс.Станот е со вкупна квадратура од околу 1.250м2, со четири спални соби и 6 бањи и тераса од 260м2. Со катна висина од 3,50-4,50 м, се простира на последните 3 спрата од 6 катна станбена зграда изградена во 1862 година.
Резиденцијата, чија светлина и размер се навистина неспоредливи, е реновирана во оригиналниот дух на објектот, со задржување на оригиналните столбови од лиен челик и со користење на завршни материјали од највисок квалитет. Централното место го зазема стакленото скалиште, кое дозволува светлото од кровот да продре се’ до 4-тиот кат.
Апартманот, со безброј карактеристики и скапи детали, се нуди на пазарот заедно со приватната сала за вежбање и кошаркарското игралиште со половина големина, кои се сместени во подрумот. Овој величенствен простор може да биде ваш за „само“ 30 милиони долари.