Friday, May 20, 2011

Музеј на спомен и толеранција

Музеите претставуваат типологија на објектот, кај кои архитектурата има клучна улога во посетеноста и успехотвоопшто. Без оглед на брзиот развој на технологијата и промената на нашиот поглед кон секојдневието, музеите успеаа да станат безвременска категорија, која игра важна улога во чувањето на спомените на настаните од минатото.

Неодамна отворениот “Museo Memoria Y Tolerancia” (Музеј на спомени и толеранција) во престолнината на Мексико со својата драматична архитектура ја пренесува пораката за страдањето на децата за воените случувања во светот.



Дизајнот на овој музеј е производ на архитектонското студио “Arditti+RDT Architects”. Внатрешноста на музејот наиде на позитивни критики, односно се смета за да може овој објект да стане важен носител на едукативна и културна понуда на оваа метропола.

Обликувањето на ентериерот во голема мера се потпира на челична носечка структура со кои се креирани големи непрекинати простори, пространи внатрешни галерии, и централна носечка структура која се наоѓа во центарот на атриумот.


Всушност, оваа структура на коцкестиот облик претставува централен мотив на музејот кој е видлив од сите катови. Покрај тоа дизајнирана е така да низ неа да се вкрстуваат комуникации, кој ќе биде срце на објектот.

Надворешноста е дело на холандскиот уметник Јан Хендрикс, кој одлучил симболично да закачи коцка на конец од 20.000 мали стаклени топки кои ќе ги симболизираат солзите.









No comments:

Post a Comment