Friday, May 20, 2011

Пренамена на заштитена црква

Австралиското архитектонско студио Willis Greenheigh Architects го направи проектот од пренамената од старата црква во Бризбен, која сега е современ дом. Објектот е изграден уште во 1867 година и скоро цел век служел како центар на локална заедница и место на духовност на граѓаните. Кратко време служел како театар, кој за жал немал долг живот. Со децении објектот не се употребувал, а тоа се рефлектирало на сите аспекти на неговата материјализација, односно проектот на реставрација и пренамена имал обемен карактер.
За разлика од законите кои се бават со граѓанско наследство во Србија, каде што пренамената на заштитените објекти скоро е невозможна, повеќе земји практикуваат либерално однесување спрема своето градителско наследство. Вистински пример е овој проект, каде што заштитениот објект е претворен во два луксузна дома. Екстериерот е вратен во првобитната положба, а ентериерот е уреден во современ дух.
Проекти од ваков карактер не се реткост во современата архитектура, всушност дури е вчудувачки колку црквени и станбени програми можат да бидат компактабилни. Со овој проект е креиран дом со исклучителен квалитет, кој е облеан со дневна светлина, и кој поседува многу необична атмосфера, која е резултат на богатата историја на овој објект.







No comments:

Post a Comment