Доколку некогаш отпатувате во Берлин, Германија шетајќи и разгледувајќи ги познатите објекти на Ројкинд, Гери, Хадид, Либескинд, Пиано, несомнено не смеете да го одминете лобито на хотелот Радисон во кој е сместен најголемиот аквариум на светот.
Со цилиндрична форма и висина од 26 метри делува доминантно во просторот, а гостите можат да го проследат и од внатрешноста, каде што е поставен лифт кој води до врвот на овој стаклен аквариум на кој се наоѓа ексклузивен ресторан.
Карактеристични се и ориентациите на собите во склоп на хотелот кои што се позиционирани со визури кон аквариумот. Хотелот се наоѓа на реката Спре, нов Берлин и одушевува со дизајнот и храброста на интегрирање на новите технологии во областа на архитектурата и ентериерот. Овој импозантен аквариум го изработи фирмата Reynolds Polymer.
No comments:
Post a Comment