Sunday, May 1, 2011

Канцелариите на Фејсбук

Архитектонското студио О+А се заслужни за новиот редизајниран изглед на работните простории на компанијата Фејсбук со површина од 150.000 метри квадратни, сместени во Пало Алто, Калифорнија САД. Претсавниците на О+А разговарале со вработените на Фејсбук со желба да ги откријат вистинските потреби на вработените со што нивниот простор би бил поудобен и покорисен за работа.

Склучен беше  интересен договор во кој поентата беше колективно дизјнирање, односно константно асистирање и учествување на вработените лица од Фејсбук кон проектантскиот тим на О+А. Компнијата и нејзината филозофија на работа сеуште налага бесплатни гурмански јадења и пијалоци во самата фирма, како и движење со скејт или ролери во самите ходници од оваа компанија. Вработените имаат право да исцртуваат разни написи, графити по ѕидовите,  практично еден однос кој што создава чувство на слобода, чувство дека сте надвор а не сте на работа.























No comments:

Post a Comment