Sunday, May 1, 2011

David Wahl+Melane Hall - Хотел во Бали, Индонезија

Американскиот архитект David Wahl и декораторот за ентериери Melane Hall ги сплотија своите идеи и имагинација создaвајќи преубав интимен хотел на Бали, Индонезија. Објектот има 5 спални соби се издава комплетно само на една група на посетители така да се добие интимност и чувство на приватна куќа со услуги на луксузен хотел, што всушност било и основната поента на архитектот.

Хотелот има поглед на океан, платформи за сончање и голем базен, а двете нивоа на објектот имаат пристап во дворот преку стаклена лизгачка врата. Eнтериерот, мебелот е со светли бои кои создаваат контраст со темните бои на одредени делови од ѕидовите. Темите на дизајнот варираат од соба до соба но основната карактеристика е современ, модерен мебел и неговиот распоред кој ја обединува оваа куќа во оригинален концепт на луксузен хотел.




















No comments:

Post a Comment