Брачниот пар од североисточна Англија поточно од Нортумберленд се одлучи за еден несокојдневен потег: купување на запуштена црква и адаптација на истата како станбен објект. Реновирањето траеше неколку години, а сопствениците потрошија за уредувањето неколку пати повеќе пари отколку што изнесуваше и самата црква и парцелата околу нејзе.
Екстериерот воглавном е оставен непроменет, додека во ентериерот се осеќа тенденцијата дека сопствениците имале став повеќе да го реновираат и ревитализираат објектот од својота внатершност отколку да го декорираат и изменат. Оттаму доаѓаат и оригиналните витражни површини, клупите, столовите а неискористениот материјал од дрво е искористен за создавање на скалила кои водат до библиотеката и дневната соба која се наоѓа на првото ниво.
Можеби делува малце морничаво или невообичаено да се живее во ваков простор, но со оглед на тоа дека е сочувана една зграда која инаку би иструлила и пропаднала, секако дека го поздравуваме овој предизвик.

No comments:
Post a Comment