Sunday, May 1, 2011

Тематско уредување на детска соба

Уредувањето на детската соба секогаш претставува предизвик, бидејќи мора да се задоволат сите функционални потреби но и да се создаде комфорна атмосфера и амбиент во кој децата треба да уживаат.Тематското уредување на детските соби е вистинско решение за децата и родителите, бидејќи ги исполнува сите потребни барања и воедно и го облагородува просторот.


Детската желба треба да ви претставува заповед, барем кога се работи за тематско планирање и уредување на детската соба. Неговото опкружување во кое ќе се осеќа задоволно, сигурно и исполнето ќе се одрази веднаш на неговото расположение. Дозволете им на своите деца да ги внесат во својата соба елементите кои ги радуваат, мотивираат и исполнуваат. Нивните желби можеби ќе ви бидат несватливи од перспектива на родител, но сепак, сметаме дека треба да ги почитувате затоа што тие желби создаваат идентитет на собата на вашето дете.


Темите на уредување може да бидат разнолични и зависат највеќе од самото дете, неговите карактеристики како  полот, карактерот, омилените ликови, херои и слично. Едноставен начин во создавање на тематска соба е колоризирањето, односно, боењето на собата во која би се употребиле омилените бои на децата кои растат во нејзе и тоа колористички во неколку нијанси: поинтензивни и посмирени, интензивните ќе ги нанесете на помали ѕидни површини, а смирените нијанси на поголеми ѕидни површини.


Доколку децата се во предшколска возраст, претворете ја собата во детска игралница и занимална, во која ќе овозможите омилените играчки да им се достапни во секој момент, без посебно нагласување на просторот за нивно раздигање по завршување на употреба со истите. Ваквите занимални се препорачливи да ги правите во детските соби а не во просторијата за дневен престој бидејќи на тој начин децата уште од мали создаваат чувство на слобода и потреба за личен простор и приватност. Кога  ќе порасне тој простор ќе доживее мали трансформации, на пример ќе го користи  за учење,  но сепак ќе го има задржано чувството на припадност и слободата во него.


Омилените ликови од цртаните филмови се често украс на детските соби, а просторот можат да го надополнат  слики закачении на ѕидовите или пак во форма на плакати, тапети на вратата или во форма на принтови-еден вид тапети кои се лепат на ѕидовите во димензија по желба. Направете варијации во големините на прикажаните цртани ликови но и поставете дел од нив на полиците, едноставно комбинирајте динамично. Ваквото уредување на собата може да биде доста ефектно.


Исто така може да употребите некои од хероите или јунаците од филмовите кои често пати симболизираат снага и моќ, но и носат позитивни пораки за меѓусебните односи и праведности. Не може а да не ја споменеме и можноста за имплементација на  животните како чест мотив во детските соби. Децата често пати сакат да си играат со нив но едноставно ја немаат таа прилика.


Вие ќе бидете нивниот креатор на „животинското царство“  што ќе преовладува во нивната соба исполнето со плишани, пластични и гумени животни од сите врсти. Воедно планирајте да обезбедите и доволно простор долу на подот како животните би „учествувале“ и би се „приклучиле“ во играта заедно со вашите деца.


Доколку вашето дете поседува посебен дарба како на пример има талент за пеење, сликање и слично, уредете ја собата на начин да ги отсликува тие таленти. Присуството на   инструменти или елементи во склоп на талентот дополнитетелно ќе иницира за покреативно и поаналитично посветување и надградување  кај вашето дете.


Некои пак деца од мали покажуваат афинитети и склоности кон одредени спортски активности или телесни активности како балетот на пример. Доколку е тоа случај претворете го тепихот од собата во вештачки тревник или ѕидот во огледало за вежбање на вашата идна балерина, импровизирајте во духот на спортот или активноста на кој што вашето дете е наклонето. Комфорноста но и оригиналноста може да ја надополните и со оригинални елементи или импровизирани од фамилијата на соодветниот спорт и активност.


Детската соба е место каде малите деца стануваат она што сакаат да бидат. Одберете правилна и пригодна тема за адаптација на собата и направете ја посебна на начин да биде паметена како еден убав спомен од нивното детство.

Мало а сепак пространо

Декорирањето и уредувањето на малите станови или гарсоњери честопати знае да биде вистински кошмар,а резултатот да биде чувство на нелагодност или чувство на изгубен простор.Но, сепак со неколку мали интервенции можете малите простории да ги направите пространи.За да бидеме попрагматични,ќе наброиме неколку предлози во однос на вашата селекција.
Бирање на мебел

При опремување на мали простории,барајте што помали модули, делови на мебел со што е можно повеќе отворени површини,на пример двосед со видливи ногарки,две табуретки и стаклена клуб масичка се подобар избор од некоја фотеља, двосед со скриени  ногарки и пространа клуб маса.
Распоред на елементи

При распоредувањето на мебелот и неговите елементи, насочето го вашето внимание да имате непрекинато движење во просторијата. На пример започнете со двоседот, како најголем дел од вашиот мебел, кој ќе го поставите пред најголемиот ѕид во вашата просторија и кој ќе биде ориентиран кон внатрешноста на просторијата.Потоа обмислете и делче,катче за разговор.Од двете страни на двоседот поставете табуретки,фотеља или  столови, а потоа клуб масата поставете ја во централното место,од каде ќе биде достапна за сите позиции на седење.
Декорирање и примери

Во малите простории посебно внимателни треба да бидете со декоративните елементи.Запомнете дека доколку сакате да го избегнете чувството на згушеност и нелагодност, важи правилото - помалце е повеќе.Огледалата како и сјајно рефлектирачките површни како што се стаклото и лексанот ќе допринесат да просторот изгледа поголем.Поголеми примероци користете исклучиво на елементи како перниците и слични помали декоративни елементи,а избегнувајте ги на софата, двоседите или  фотељите.
Како да одберете боја

При бирањето на бојата,барајте благи и монохроматски бои и нијанси.Бојата за ѕидовите прилагодете ја на поголемите делови од мебелот што ги имате во просторијата а плафонот оставете го со бела основна боја кој секогаш ќе одржува баланс.
Осветлување

Правилно распоредете ги светилките и креирајте воедначена светлост во целата просторија.На овој начин ќе ги избегнете сенките што се создаваат на мебелот кои визуелно непотребно  ја делат просторијата. Амбиенталните светла исто така ќе допринесат во создавање на атмосфера во просторијата.Генерално избегнувајте лустери,бидејќи они создаваат чувство на понизок плафон а со тоа и  визуелно смален простор.


Пропорција и бои

Најдобар начин да се опише пропорцијата е величината.Бојата влијае на пропорцијата во просторот.Прифатлив и општо познат е ставот дека белата боја и светлите бои визуелно просториите ги прави поголеми а темните и јаките бои ги прават работите поблиски една со друга,односно поголеми отколку што се.


За крај

Ентериерот на вашиот мал стан или гарсоњера уредете го чисто и едноставно.Исфрлете се што не користите и што не употребувате бидејќи што помалце гужва-дотолку помалце стрес.Во малите станови помалце е повеќе.

Елеганцијата на црно-белите ентериери

Црно белите ентериери се во тренд а земајќи го во предвид зачестеното одбирање на овие комбинации од бои можеме да кажеме дека се безвременски, односно се  вклопени во сите трендови. Кога новитетите на маркетингот ќе го наметнат својот колорит како тренд црно белиот ентериер лесно се трансформира во колористички, бидејќи со додавање на една или две интензивни бои, придобива нов карактер.
Трендовите кои ја наметнуваат структурата на дрвата како примарна ќе најдат свој одзив и во црно белите комбинации со збогатени елементи, или детали изработени во материјали со нагласена структура на дрвото.На тој начин оваа апстрактно просторна лагодност ја оплеменува со природни  прави посебно вредни односи во ентериерот. Црно белата комбинација е идеална база, која може да ги формира ефектите сосема независно, или да се трансформира во трендовски посакуваната изразност со сосема едноставни зафати.
Поточно од сите наведени причини, оваа комбинација на боја е  присутна и секогаш популарна во креирањето на ентериерот. Сепак, апсолутно црно-бела комотност, ќе одберат само некои.Чистата и јасна линија, конкретната изразност, реалноста која се граничи со апстрактното во просторот, воодушевуваат, а понекогаш и ги  заплашуваат оние кои се сомневаат дека низ контрастите може да се оствари се што се очекува од стамбениот простор: лежерна елеганција, чувство на комотност, и отпуштеност и топлина на  домот.Црно белите комотности можат да ги исполнат сите домашни простори, дневен претстој, кујна,спална соба и купатило.
Не се препорачливи за детски соби, акцент треба да се стави на палетата на отворени и топли бои, кои ја побудуваат фантазијата и разиграноста.Комбинацијата на овие бои е избор на зрели личности  како последица на нивниот животен стил , карактер, сфаќање и личен вкус.
Елегантноста  е истакната особина на просторот во кој доминира односот на црното и белото. При тоа треба да да се биде многу внимателен при одредувањето на мерка која со преинтензивна  примена,да не го дебалансира просторниот квалитет.Со преголем удел на црно во мал и слаб  осветлен простор ќе се создаде ефект на преголема затемнатост и загушеност, со преголем удел на бело во големи осветлени простори, блесокот или недоволната изразност ке има општ степен  на бела боја.
Умерениот однос на црното и белото, или доминацијата на една боја е проследена со други детали кои ќе направат квалитетни просторни ефекти и ќе го нагласат карактерот на посакуваната боја. При тоа, е потребно да се  води сметка за боите на подните и ѕидните облоги.Светлиот мебел на темен под  и обратно, со својот меѓусебен контраст  елегантно ќе се нагласи. Примената на црното и белото на ѕидовите, низ бојата или на облога, можат додатно да ја нагласат посакуваната лагодност.
Комплетно белата кулиса на намештајот може да биде елегантна, но храбрите желно ќе си поиграат и со црните вертикални плохи. Површината на ѕидот, која ке се обложи со црн материјал, треба внимателно да биде одбрана. Белата композиција на намештајот на црн ѕид  ќе биде успешна комбинација, без оглед на позицијата на изворот на дневната или вештачката светлина.
До колку се одлучите за црн мебел на црн ѕид , препорачуваме да го поставите попреку на едниот дел од должината на плохата или пократкиот ѕид во просторот. Набавите мебел од  материјал со нагласена завршна обработка – сјајна, метализирана истакната структура или текстура каде би се истакнувале плотните од намештајот и би го изразиле односот на темната позадина.Поиграјте со светлосните ефекти низ вграденото или индиректното осветлување.
На тој начин темниот агол ќе добие свој посебен израз низ различните прикази на црната боја, односно светлоста, која додатно ќе го нагласи и освежи овој доминантен дел од ентериерот. Примена на стаклото во црно белите ентериери додатно ќе го нагласи  елегантниот простор.
Стаклото, како транспарентен материјал, ќе го задржи посакуваниот колорит, а ќе внесе  префинетост, која одлично ќе се вклопи со просторната елеганција. Освен стакла, значајна улога ќе одиграат подните простирки, декоративните теписи, украсните предмети кои со својата структура, мотивите и облиците ке направи додатна динамика на просторот.
Црно белиот свет на интериерот воопшто не е црно бел, тој има неограничена ширина во димензиите кои не се дел од колористичкиот спектар, односно не учи да го набљудуваме просторот  низ неговите останати компоненти, како формата,обликот, динамиката, светлоста, рамнотежата и хармонијата.

Црвено-бела комбинација за поатрактивна дневна соба

Еве неколку интересни примери и решенија што најдовме на интернет кои би можеле да ги примените доколку сакате вашата дневна соба да има поатрактивен изглед.Изборот е ваш

















Frederic Flanquart - Ентериерно решение на стан во Париз

Францускиот дизајнер Frederic Flanquart, дизајнираше стан во Париз кој бил оштетен од еден локален пожар. Идејата за овој проект ја има здобиено кога го посетил за првпат овој блок во кој поткровјето што требал да го дизјанира било најопожарено. Барањата на сопственикот била креирање на простор кој ќе ги искористи исклучителните панорамски визури на Париз, што значело транспарантност на решението во прв план.

Базата на ентериерот ја темели со основна бела боја на ѕидните површини и дрво, кое како материјал е проследено со паркет на партерот и дрвени гредни елементи проследени на плафонскиот дел. На барање на инвестирот имплементирано е необично осветлување кое создава атрактивност на просторот во ноќните часовии креира необичен амбиент.








Фотографии на Dirk Wiedlein

Без оглед дали сте верници или не, фотографиите од ентериери на различни црковни објекти на професионалниот фотограф Dirk Wiedlein, воодушевуваат со нагласената симетрија и чувството на грандиозност.